еп.мкГраматички со Бматематички со П

Услови за користење

Со користење на Џеп.мк се согласувате со условите подолу. Последна измена: септември 2026.

Што е Џеп

Џеп е информативен сајт што прикажува јавно објавени бројки за животниот стандард во Македонија — синдикална кошница, плати, инфлација, цени и слично — заедно со нивниот извор и датум. Целта е бројките да бидат достапни и разбирливи. Ништо на сајтот не е политичко толкување ниту препорака.

Не е финансиски ниту правен совет

Калкулаторите и приказите служат само за информирање и општо разбирање. Тие не се персонален финансиски, инвестициски, даночен или правен совет. За одлуки со финансиски последици консултирајте се со овластено лице. Пресметките се поедноставени и може да отстапуваат од вашиот конкретен случај.

Извори и права на податоците

Прикажаните бројки се преземени од јавни извори и остануваат сопственост на институциите што ги објавуваат — меѓу другото Државниот завод за статистика, Сојузот на синдикатите на Македонија, Регулаторната комисија за енергетика, Министерството за економија и труд и Eurostat. Секаде е наведен изворот со линк. Џеп само ги обработува и визуелизира тие податоци; не тврди сопственост врз нив. Методологијата, пресметките и изворите се објаснети на страницата Методологија.

Сопствена содржина

Дизајнот, текстовите, графиконите и калкулаторите се дело на Џеп. Дозволено е слободно споделување линкови и цитирање со наведување на изворот (Џеп.мк) и линк. Масовно копирање или повторно објавување на обработените прикази без наведување извор не е дозволено.

Точност и одговорност

Се вложува разумен напор бројките да бидат точни и ажурни, но податоците се преземаат автоматски од трети извори и може да содржат грешки, задоцнувања или методолошки промени. Споредбите и пресметките врз изворните бројки ги прави автор кој не е економист ни статистичар; методот е опишан на страницата Методологија и може да отстапува од стручна или институционална анализа. Џеп се обезбедува „како што е“, без гаранции. Џеп не одговара за штети настанати од користење или потпирање на прикажаните информации. Ако забележите грешка, пишете ни и ќе ја провериме.

Надворешни линкови

Сајтот содржи линкови до надворешни институции и извори. Џеп не одговара за содржината ниту за политиките за приватност на тие страници.

Измени и меродавно право

Овие услови може да се менуваат; важи последната објавена верзија. За користењето на сајтот се применува правото на Република Северна Македонија. За прашања: kontakt@dzep.mk.