еп.мкГраматички со Бматематички со П

Праг на сиромаштија

Официјалниот праг (Лаекенски индикатори, 2024) е годишен приход под кој човек се смета за изложен на ризик од сиромаштија. ДЗС го поставува на 60% од медијалниот еквивалентен приход во земјата, по стандардот на EU. Анкетата 2024 ги мери приходите од 2023, па прагот тука е споредуван со платите од 2023 — месечно, како просек за годината.

Под прагот
21,9%
од населението
Праг · самец
14.857 ден.
месечно
Праг · 4-члено
31.200 ден.
месечно
Џини индекс
29,2
0 = сите исто · 100 = сè кај еден

Платите во 2023 спрема прагот за 4-члено семејство

Една минимална плата64%
Две минимални плати127%
Една просечна плата117%
100% = прагот

Минималната плата во 2023 (просечно 19.813 ден. месечно) е 33% над прагот за самец. За четиричлено семејство прагот е 31.200 ден. — една минимална плата покрива 64% од него, две покриваат 127%.

Прагот наспроти синдикалната кошница

За приходите во 2023 прагот на сиромаштија што го мери ДЗС е 31.200 ден. месечно за четиричлено домаќинство. Во истата година Сојузот на синдикатите проценуваше дека пристоен живот за такво домаќинство чини просечно 48.851 ден. месечно — 1,6 пати повеќе.

Двете се месечни износи за исто по големина домаќинство, па големините се споредливи. Но не се иста мерка: прагот е граница на приход под која се брои сиромаштијата, а кошницата е проценет трошок за пристоен стандард. Односот ја покажува разликата меѓу двете мерки — не дека едната произлегува од другата, ниту која од нив е поставена правилно.

Кошницата е просек за јануари 2023 – ноември 2023: во текот на годината ССМ ја смени методологијата, а просек преку промената не би бил ниту стариот ниту новиот износ.