Твојата потрошувачка кошничка
Внеси го својот приход и колку месечно ти одат храната, домот и превозот. Пресметува колкав дел од приходот е тоа и го споредува со просечното домаќинство од Анкетата за потрошувачка.
Твоите бројки
Како да се чита споредбата
Просекот не е цел. Тоа е што домаќинствата навистина трошат, не што им треба. За второто е синдикалната кошница — таа е проценка за пристоен живот, друга работа.
„Сметки“ тука се само домот. Струја, вода, греење. Интернетот и телефонот се одделна COICOP група кај ДЗС (комуникации), па ако ги собереш заедно ќе се споредуваш со нешто што не ги мери.
Просечното домаќинство не е домаќинство со две плати. Троши 28.853 ден. месечно — помалку од една просечна плата. Во просекот влегуваат и пензионерски и еднаприходни домаќинства. Затоа тука се споредуваат уделите, не износите.
Повеќето луѓе не плаќаат кирија. Според Eurostat, 87% од населението живее во сопствен дом, а пазарна кирија плаќаат помалку од 1% (2024). Затоа домувањето кај просечното домаќинство е 2.306 ден. месечно за станарина, вода, струја и греење заедно. Ако плаќаш кирија, твојот удел за дом ќе биде многу над просекот — тоа е разлика во сопственост на станот, не во тоа колку трошиш.
Храната е најголемиот дел. Кај просечното домаќинство храната е 78% од трите основни групи заедно.
Ништо не се праќа никаде. Пресметката е во твојот прелистувач; бројките што ги внесуваш не се снимаат ниту испраќаат.
Извор на просекот: Државен завод за статистика — Анкета за потрошувачка на домаќинствата (2025), табела 150. Годишните износи се делени со 12. Целата структура на потрошувачката →